Ако малиот црн фустан се смета за модна класика, тогаш малиот бел фустан е неговата летна верзија. Лесен, лелеав, од тантела, со огромна доза на оптимизам, кус или долг, во романтичен или минималистички стил, во лето не постои прилика за која малиот бел фустан не е соодветен. Дење или за вечерно изллегување, во канцеларија или на летување, малиот бел фустан со вистински стајлинг е идеална опција за летната сезоната. Белата боја делува како база за понатамошно редење на модни додатоци во разни големини, бои и текстури. Сребрен или златен накит, чанта во интензивна боја или сламена торба, ниски или високи сандали, сламена шапка и марама се само дел од деталите со кои можете да го надградите белиот фустан.
Нема коментари