Во широката палета на новитети што ги донесоа модните недели посветени на машката мода во Лондон и во Милано, како свилените марами, балон капутите, костуми во сите бои, круните, новите кравати и пеперутки, џемпери со качулки и друго, отскокнуваат големите чанти. Иако масивните торби не се новина во машката мода, сепак оваа сезона се повнимателно дизајнирани и предложени од светските модни куќи и креатори. Новите чанти не се класични и стереотипни, во црна, кафена или сива боја, направени од кожа или водоотпорно платно. Тие се шарени, флексибилни (за на рамо или во рака) со уникатни везови и апликации. Погледнете ја понудата за есен-зима 2014.
Луксузниот италијански бренд „Ботега Венета“ за наредната сезона претстави модели изведени од класична студентстка чанта. Покрај кожните креации има дизајни и во поспорска, платнена варијанта. Во колекцијата има и модел инспириран од женска торба за на пазар.
Чантите на „Марни“ имаат слух за потребите на современиот маж. Овие модели може да соберат сите неопходни предмети, како лаптоп, и други технолошки помагала, а може и да користат и за кратки бизнис-патувања. Главната дизајнерка на „Марни“ не ги заборавила и поспорските мажи и тие со младешки дух, па креаирала и ранци, доволно големи за сите потребности.
Кога ќе се спомене името на британската модка креаторка Вивиен Вествуд се очекуваат шарени, луди креации, кои би одговарале само на мал круг на консументи. Но таа за машките љубители на модата за наредната есен направила поширока понуда, која содржи и класични сиви и црни торби налик на модел за во фитнес-сала или за патување. Секако тука се и шарените, откачени модели со интересни принтови, кои наликуваат на женска платнена торба.
Нешто поуникатни и пошарени модели од Вивиен Вествуд промовира британската елегантна модна гордост, брендот „Барбери“. Покрај марамите, од уметничката линија на оваа етикета може да се издвојат големите шарени чанти.
Апликациите и везовите се најразлични, од едноставни, двојобни креации од платно и патент, до модели со фолкорни шари и графички принтови. Ова е можеби една од највпечатливите машки колекции оваа сезона.
Чантите на „Гучи“ се со кратки рачки, но може да се носта и подвиткани под мишка, како плико-модел. Ги има во повеќе бои, меѓу кои и неколку пастелни нијанси. Креациите се од кожа.
Кожни се и моделите на „Прада“, но во поинаква форма, Тие неликуваат на торби за рачен багаж или за фотоапарат, во поголема верзија. Во нив има и војнички елементи. застапени се во повеќе нијанси на кафена и темнозелена боја.
За приврзаниците на вечната машка елеганција и минимализам во стилот иделани се чантите на „Корнелијани“. Иако има интервенции во формите, сепак задржана е едноставност и фунционалност. Овие модели во црна и сива боја, може да одговараат на сите генерации и да се носат повеќе сезони. Посебно ќе прифатливио за мажите што почитуваат строги дрексод правила и бизнис-имиџ. (
Едни од најнеобичните модели за наредната есен доажаат од работилницата на брендот KTZ, на мекдонскиот креатор Марјан Пејоски. Црно-белото патување со модели инспирирани од симболите на древните племиња, па сè до футуристичкиот имиџ, одлично е збогатено со големи чанти, кои се идеални за сите временски пригоди. (А.Н.)
Нема коментари