Како да сместите дневна, спална, работна соба, кујна и трпезарија во 33 квадрати беше почетната идеја на проектанското биро MKCA кое се зафати со уредување на овој мал простор во Грамерси Парк во Њујорк. Креативното решение е моторизиран лизгачки ѕид, благодарение на кој се создаваат различни животни простори. Дење ѕидот е на едната срана и дозволува користење на просторот како дневна соба, но и делови како домашен бар и работно катче, додека навечер се повлекува на спротивната страна и создава простор за креветот на спуштање и за комплетно користење на гардероберот. Флексибилноста е клучиот момент во организирањето на овој мал стан. Во останатиот дел од живеалиштето се купатилото, малата трпезарија и кујната која ги содржи сите потребни елементи.
Нема коментари