Кога шведскиот моден блогер Андреас Вијк го стави на продажба својот мини апартман во Стокхолм на продажба, откри како може да стилски да се организира простор од 30 метри квадратни. Сместен во стара зграда од 1879 година, станот има плафони високи 4 метри, мал дел наменет за спиење, но голем дел за складирање облека. „Ова ми е првиот купен стан и тука создадов толку многу сеќавања“, напиша Андреас на својот блог заедно со најавата дека го продава станот. Од декорот може да заклучиме дека блогерот покрај модата ја сака и музиката, необичните ретро предмети како старата машина за куцање и грамофонот, а преферира модерен, и мажествен, но не нападен мачо стил на уредување што се огледува во кожената гарнитура, кожените јакни закачени на ѕид и во специфичниот метален мијалник во купатилото.
Нема коментари