Круни и графити на Купидон, кадифени костуми и впечатливи шари, раскошни материјали и златни везови, дизајнерскиот двоец Долче и Габана во саботата во Милано ја прикажаа машката колекција за есен-зима 2018/19, наречена „Ангелите на кралот“ и полна со кралски рефернци. Преку 100 модели беа презентирани од страна на манекени и од ѕвездите на вечерта – познати миленумци, инфлуенсери на социјалните мрежи и наследниците на славните семејства. На пистата беа Кевин Чаплин, внукот на Чарли Чаплин, Дилан Џегер Ли, синот на Памела Андерсон и Томи Ли, Парис Броснан, синот на актерот Пирс Броснан, Кристијан Комбс, синот на раперот Паф Деди, Раферти Ло, синот на актерот Џуд Ло и други познати ликови од Инстаграм. Максимализмот што Долче и Габана го прикажаа на пистата како најмногу да одговара токму на милениумците – екстравагантен микс на повеќе жанрови и периоди во машкото облекување, спој на вечерни смокинзи со дуксери и џинс, брокатнии парчиња со велур, елеганција со накитеност. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари