Еден од омилените изгледи на шминкање е кога очите ги нагласуваме со тенка (или подебела) црна линија која често завршува со закрилен завршеток за да се постигне заводлив „мачешки“ поглед. За тоа користиме гел-креон и туш за очи, а во домашните парфимерии ќе најдете голем избор на ајлајнери. Но, мора да признаеме дека овој начин на нагласување на очите бара умешност, многу пракса, учење на трикови со помош на You Tube туторијали, едно чудо употребени производи, нацртај-избриши моменти… додека не ја откриете сопствената техника на нанесување туш и не ја пронајдете линијата што најдобро одговара на вашот облик на очи.
Најважно е да ги позиционирате точките по кои ќе се движи исцртаната линија. Застанете пред огледало и гледајте право, очите нека бидат отворени за да можете да одредите точно до каде треба да оди линијата во надворешниот агол на окото. Нанесете точки во почетниот агол сè до делот во надорешниот до каде што сакате да биде линијата. Потоа спојте ги точките во линија. Некои шминкери предлагаат линијата прво да ја направите со креон, бидејќи доколку згрешите лесно ќе го избришите, а потоа да ја дефинирате линијата со течен или гел ајларнер.
View this post on Instagram
Нема коментари