Девет македонски и бугарски текстилни фабрики во саботата одржаа ревии во галеријата „Безистен“ во Штип. Настанот, во организација на македонскиот Текстилен кластер во соработка со Моден викенд-Скопје, е со цел градење на зеднички регионален бренд и поставување подобри стандарди во текстилното производство.

„Астибо фешн груп“ фото: Емилија Маневска
Пред публиката во Штип своите колекции ги промовираа домашните текстилни фабрики: „Амор“, „Астибо фешн груп“, „Кули“ и „Ларс“ и бугарските: „Витал“, „Пирос“, „Нов свет“, „Мартекс“ и „Silver day“.

„Амор“ фото: Емилија Маневска
На ревиите дента им претходеше и форум во Штип на кој членовите на кластерите дискутираа за проблемите со кои се соочуваат фабриките од двете земји и за идните активности со кои би се подобрил имиџот на текстилните индустрии во регионот.

„Кули“ фото: Емилија Маневска
Фабриките се обединија во рамките на пограничниот проект „Јакнење на капацитетите на текстилната индустрија во пограничниот регион преку учење на добри практики и имплементација на промотивни активности“ кој Текстилниот кластер од Македонија го спроведува во партнерство со Браншовата организација за текстил и облека од Бугарија .

„Ларс“ фото: Емилија Маневска
За шминка и фризура на моделите се погрижи салонот за убавина „Silhouette Штип“. Поддршка на модниот настан даде и винаријата „Тиквеш“. Проектот е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за Погранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија а организациона и логистичка поддршка беше обезбедена и од Опшината Штип.

„Мартекс“ фото: Емилија Маневска

фото: Емилија Маневска

„Пирос“ фото: Емилија Маневска

Silver day фото: Емилија Маневска

„Витал“ фото: Емилија Маневска
Нема коментари