Дизајни од нашите познати креатори: Росица Мршиќ, Јована Филиповиќ, Драган Христов (Ludus Loves Fashion), Бобан Илиевски (Chic Undercowear), Ирина Тошева и Јана Ацевска (Kapka Jewelry) ќе бидат претставени на [SKP] pop-up store што од 18 до 30 мај ќе се одржи во Palanca Gallery во Цирих, Швајцарија. Ова е втора презентација на нашите дизајнери на [SKP] pop-up store, по продажната изложба што под ист назив се одржа во Берн, минатиот декември. настанот, кој овој пат е со наслов Portugal Meets The Balkans- Pop Up Store, ги спојува португалските и балканските модони дизајнери на едно место.
Oрганизатори на настанот, чија за цел е поврзување на балканскиот моден дизајн со португалскиот, се Тања Стоименовска, која е родум од Македонија, и Carlos Fonseca, кој е од Португалија, а живее и работи во Цирих. Покрај облеката и накит со потпис на македонските креатори, во поп-ап продавницата ќе се претстават и Valentim Quaresma, Ricardo Andrez, Patricia Da Costa, Aurora Joalheiros, Nair Xavier Krenare Rugova, Ива Јанковиќ и Весна Крацановиќ.
Нема коментари