Кога зборуваме за консултации со стручни лица од областа на медицинската и стручната грижа и нега како и за убавина на нашата кожа, не може а да не мислиме на ексклузивната германска козметика БАБОР, која ги обединува иновативните научни откритија со ефикасните природни состојки. Компанијата „Торзо Велнес“, која започна со работа во 1997 година, не застана во ниту еден момент во својот развој, туку напротив, во 2007 година стана застапник на реномираната германска козметичка линија БАБОР.
Застапништвото на таква козметичка линија, повлекува огромна обврска и ангажираност, па така луѓето кои се дел од тимот на „Торзо Велнес“, постојано се надоградуваат и усовршуваат, со тоа што тие се официјални тренери за третманите кои се составен дел на БАБОР. Ценовник на услуги и третмани
По седум години успешно работење, Скопје, а и Република Македонија го добија 150-от БАБОР бјути спа во светот. Тој се наоѓа на бул.Илинден во Скопје, каде за кратко време клиентите го препознаа обединувањето на квалитетот на услуга со квалитетот на производите од ексклузивната германска козметика БАБОР.
Како таков тој е познат низ целиот свет, поточно како Германски пионер во негувањето и убавината на кожата. Д-р. Мајкл Бабор го измислил маслото за чистење HY-ÖL® кое и до ден денес не доби конкуренција, па со право се смета за легендарно. Освен тоа, Д-р. Бабор носи повеќе револуционерни одлуки, по кои неговите лаборатории започнуваат со експериментална работа каде ги користат природните екстракти во продукти кои подоцна стануваат пазарно препознатливи. И денеска лабораториите на Бабор интензивно работат на истражување на повеќе природни активни состојки во тесна соработка со реномирани институции и високо образовни центри како што е впрочем и Техничкиот Универзитет во Аахен (RWTH Aachen).
Резултатот се иновативни и високо квалитетни и ефикасни производи за нега на кожа, дизајнирани за да дадат одговор на многуте потреби кои се подразбираат во третманот и негувањето на кожата.
Целосната палета на производи од ексклузивната козметика на БАБОР, веќе е достапна и кај нас, поточно во БАБОР бјути спа- салонот.
Нема коментари