Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во визуелните ефекти на најпознатиот машки модел Дерек Зулендер. Миливоје Ѓорѓевиќ, ко-сопственик и извршен продуцент во ФХ3Х, за работата на овој проект изјави:
-„Зулендер 2“ е една од култните комедии, кои на интересен начин ни свртуваат внимание врз некои општествени појави. Кога се работи за таков филм, секако дека ни е огромно задоволство да сме дел од него.
Второто продолжение на комедијата „ Зулендер“ од денеска ќе почне да се прикажува во скопските кина. После 15 години од повлекувањето од јавниот живот, Дерек Зулендер (Бен Стилер) се враќа во светот на модата. На модните писти се обединува со Хансел (Овен Вилсон), но закана имаат од негативецот Мугату (Вил Ферел).
Доколку во првиот дел ги сакавте Дерек, Хансел па дури и Мугату, во новото продолжение ќе
бидете пријатно изненадени дека ниеден од нив нема заборавено како совршено да го одглуми својот лик (Блу Стил ефектот на Стилер е привлечен како и секогаш). Во новиот состав на екипата ќе имаме можност да ги видиме Пенелопе Круз, Кристин Виг и Џастин Бибер.
Нема коментари