Ова е вистински момент за Мајли Сајрус, нејзината популарност не стивнува, светските списанија постојано ја бараат за насловните страници, а откако се појави во магазините LOVЕ и W, еве ја во мартовскиот број на германски Vogue. Мајли без проблем позираше топлес пред објективот на Марио Тестино, а стајлингот на фотосесијата е инспирирана од стилот и изгледот на Мерилин Монро. Официјално се објавени само трите различни насловни, а Мајли неколку топлес фотографии објави на својот профил на „Твитер“.
Нема коментари