Дизајнерката на хеклан накит и додатоци Маја Kузманоска ја претставува новата колекција наречена „Викторијана“. Како што навестува самото име моделите се инспирирани од модата на викторијанскиот период. Истата има за цел да ја нагласи женственоста преку накит направен од микс на материјали како сомот, тантела, жакард траки, нежни бисерни мониста и памучен конец. Фокусот на колекцијата е концентриран на ѓердани и чокери придружени од манжетни – нараквици и брошеви. Сите имаат карактеристичен заводлив изглед и можат да се носат со формална, но и со кежуал облека на која ѝ даваат драматично уникатен изглед со богата винтиџ нота.
Нема коментари