• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Маја Кикириткова во улога на предавач и ментор на идни дизајнери

Од Катерина Трајановска · На октомври 21, 2015

maja kikiritkova

Во скопскиот уметнички центар „Џолев и уметностите“ наскоро почнува обука за моден дизајн на кои ментор и предавач ќе биде креаторката Маја Кикириткова, а ќе предаваат и дизајнерите Никола Булески-Буле, Јана Манева Чупоска и Ирина Тошева. Со Кикириткова која веќе има искуство на предавач, зборувавме за тоа што поточно значи нејзината задача на ментор во програмата на модниот курс за која пријавувањето е во тек .

- Модата е начин на живот која се изучува, истражува и надградува постојано, па токму и поради ова ја прифатив понудата од „Џолев и уметностите“, да се jавам во вид на ментор на обуката по моден дизајн која ќе започне од 25 октомври. Веќе имам петгодишно искуство, предавајќи модни предмети на Технолошкиот факултет во Штип, но ова ќе биде одличен предизвик затоа што во текот на 12-те седмици, колку што е и времетраењето на самата обука, учесниците ќе го поминат целиот процесот на создавање на една модна колекција, за која подоцна ќе биде изработен и моден едиторијал. И тоа не е сè, тие ќе имаат можност финалниот производ да го претстават на 14-от FWSK, но и да заработат преку модниот портал за продажба Bastet Noir.

Кој може да се пријави и низ каква обука ќе поминат учениците?

-Секој што има желба за изучување на модниот дизајн може да се пријави на курсот, не е потребно претходно знаење, само ентузијазмот и желбата се доволни. Во школските клупи се изучува изработка на модна колекција, но некако овде и стагнира целата работа што не случај во оваа обука.

џолев и уметностите

Што е она што сметаш дека е најклучно да го пренесеш на посетителите на обуката?

-Ние на нашите кандидати им нудиме поинаква можност, да се пробијат во светот на модата, да можат после завршувањето на обуката да работат и на сопствена колекција.

Дали за време на твоите модни студии некој се издвои како своевиден ментор и колку тоа ти значеше во почетокот и во развивањето на дизајнерската кариера?

-Јас завршив моден дизајн на академија во Белград и ми беше од огромна помош што токму таму во посета дојде Роксанда Илинчич и ни ги пренесе нејзините идеи и почетоци од нејзината кариера. На оваа обука учесниците ќе се запознаат со голем број гости предавачи од светот на модата: проф. Никола Булески – Буле, проф. Јана Манева Чупоска, Ирина Тошева, но и да соработуваат со голем број модни работници и фото модели.

Покрај оваа новина актуелна е твојата работа како дизајнер во ателјето на Тања Кокев, колку таа вo периодов те исполнува?

-Работам во модното Ателје Кокев, каде сум креативно исполнета, успешно ја завршивме Ready to wear линијата, а во моментот се работи на новата пролет-лето 2016 колекција.

evМаја Кикиритковамакедонски дизајнеримоден дизајнмоден курс„Џолев и уметнистите“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ana моден монитор

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

  • METGALA моден монитор

    Црвениот килим на Мет Гала 2025 во знакот на машката облека во контекст на црнечкиот дендизам

  • 1fwsk моден монитор

    Третиот ден на Моден викенд Скопје во знакот на колекциите на Олгица Ѓоргиева, Al Aparel и студентите на IBU

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics