„Кога се вратив на дизајнирањето бев изненаден од тоа како сите гледаат модни ревии на своите телефони“, вели Џон Галијано кој во модното шоу на новата колекциа на Maison Margiela Artisanal буквално го рефлектираше феноменот телефонска камера/ социјални медиуми. Додека манекенките дефилираа на пистата за време на вчерашната ревија во Париз, луѓето во публиката и фоторафите беа замолени да ги вклучи блицевите на своите апарати, а секој беше во можност да фати своја фотографија на тоа како светлината се прекршува на ткаенината додека манекенката се движи, создавајќи високо-технолошко призматично виножито. Со тоа, како што смета Галијано, секој „замрзнува“ гламур по случајност, фаќа магичен момент.
Брзината, технологијата и брзото пренасочување на раскршениот хаос на модерната свест беа потконтексти на оваа модна колекција на Галијано за Maison Margiela. Форматирана е како искуство со двојна визија: човечкото око покажува една реалност, екранот друга. Па, нели е тоа начинот на кој живееме денес, нашите мозоци се трениран да го оценат секој настан или опкружување според тоа како изгледа на Инстаграм?
Нема коментари