Американскиот моден бренд Reformation кој пропагира одржлива мода, ласнира колекција на маички со позитивни еколошки и феминистички пораки. Колекцијата наречена The Action Tees пренесуваат пораки кои се однесуваат на некои од актуелните политички теми, како екологијата и правата на жените. Се состои од пет различни модели со пораки како „Повеќе дрва помалку ѕидови“ и „Спасете ја Земјата, таа е единствената планета што ја има Мерил“. Маиците на Reformation чинат 50 долари, од кои 30 долари брендот ќе донира на организации кои таргетираат граѓански права, планирање на семејството и заштитата на околинта (American Civil Liberties Union, Planned Parenthood и Environmental Defense Fund).
Политички ангажираните маички кои го нагласуваат незадоволството на општествата и критизираат некој асостојба на политичката сцена станаа начин како да се пренесе некоја важна порака, од неодамна популарни се и феминистичките маички на „Диор“, кои посебно станаа популарни кај ѕвездите и трендсетерките.
Нема коментари