Белата маичка по кратки ракави со натписот “We Should All Be Feminists” (Сите треба да сме феминисти) со потпис на Dior е најбараното парче изминиве неколку дена, посебно по Маршот на жените во САД. Оваа креација стана симбол на протестите меѓу ѕвездите кусо откако оскатовката Натали Портман ја носеше на маршот во Лос Анџелес. Набрзо на својот инстаграм профил со истиот модел се појави и Ријана, најавувајќи го своето учество на протестот во Њујорк. За време на својот престој во Париз ја носеше и најпопуларнара блогерка- Кјара Ферањи.
Всушност станува збор за маичка која првично не била наменета за ова движење. Таа беше дел од првата колекција на Марија Грација Кјури како главен дизајнер во модната куќа „Диор“. Со овој натпис таа сакаше да го одбележи овој потег на менаџментот на францускиот бренд, конечно да најми жена на местото главен дизајнер. Во оваа маичка се појави и Џенифер Лоренс на насловната на Harper’s Bazaar.
1 коментар