Со цел да им помогнат на сиромашните деца во Британија, модниот креатор Марк Џејкобс и концептуланиот уметник Демијан Хрст направија маици со ликот на Мики Маус. Продажбата на црните и бели маички по кратки ракави ќе биде донирана во хумани цели. Моделите се со принт на омилениот лик на Дизни што Хрст го нацрта пред неколку години, со неговите препознатливи точки (кругови) во боја.
На почетокот на оваа година делото на Хрст беше продадено на аукција за милион и пол долари, а дел од заработката беше донирана во добротворната организација Kids Company. Маиците, кои сега уметникот ги произведува во соработка со славниот креатор, ќе се продаваат во сите салони на брендот „Марк Џејкобс“ по цена од 60 фунти, а 10 отсто од продажбата ќе биде донирана во Kids Company.
Нема коментари