Би требало да сме потполно искрени-користените предмети не се омилени нешта. Секој би сакал сјајни и нови работи кој никој не ги допрел пред тоа, а камоли да ги носел. Но ова не важи баш за сè. Винтиџ – автомобилите, крзното или накитот се еден вид на незаменливи парчиња кои одушевуваат во иста мера како кога прв пат се појавиле. Повеќето од парчињата кои се предаваат лесно се наоѓаат, но оние кои се со истенчен вонсериски вкус, го сакаат само најреткото од реткото-а за модните сладокусти тоа значи Hermès. Лимитираните, распродадени чанти е скоро невозможно да се најдат и се сулудо скапи-па тоа е а совршена причина да се најдат во нечија колекција. За оние кои се во потрага по Hermès во нивната гардероба, Maia може да биде прва и последна станица во нивната потрага.
Основана од Никола Робинсон, Maia e специјализирана во онлајн продажбата и набавка на винтиџ Hermès чанти. Започнувајќи ја својата кариера како стилистка и личен купувач, Робинсон миналa преку 15-тина години во индустријата и заклучила дека нејзините клиенти бараат ретки примероци на Hermès повеќе од било кој друг бренд. По повеќе години работа со трговци широм светот, колекционери и експерти, таа ја стартува својата сопствена компанија, Maia, со пристап кон глобалната мрежа и исклучителната селекција на ретки парчиња. Респектирана во индустријата, Maia нуди некои од најретките чанти преку нивната добро вооружена, брзо растечка база на клиенти.
Но, едно од најголемите двоумења во одлуката да се купи винтиџ или носена чанта е прашање на автентичност. Со напливот на фалсификати на пазарот препродавачите мораат да бидат многу повнимателни од било кога и Maia го прави тоа со 10 различни точки за автентичност – од речиси непрепознатливи ознаки до егзотичните сертификати на кожа . Секое парче е 100 отсто автентично и проверено од експертите на Hermès за да се осигура встински , високо квалитетен продукт. Нивниот сајт содржи 10 точки каде клиентите можат да ги видат деловите од секоја чанта кои биле проверени, деталната историја на напопуларните Hermès парчиња и колор шемата која вклучува над 75 од нивните нијанси, текстури и кожи.
Страната моментно има листа на винтиџ-парчиња на располагање за купување во дијапазон од уникатни плик чанти до златни синџир колани. И додека селекцијата може да биде забавна за пребарување , вистинското богаство во Maia лежи во пронаоѓање на чантата на вашите соништа. Ако не го забележите вистинското парче на нивните продажни страници може да испратите меил и тие преку нивната низ светот раширена мрежа ќе ви го набават. Но бидејќи не секое парче може да се најде веднаш или без разбирливо интензивна потрага, јасно е зошто е нивната цена највисока на светскиот пазар.
Нема коментари