По соработките со Каролина Гочева и Катарина Ивановска, модната групација Магнетик, ја најавува новата соработка со пејачката Аделина Тахири ексклузивно за Magnetik Gallery за претстојната сезона есен-зима 2019.
Најновата соработка на познатата поп пејачка со исклучителен вкус за мода и стил, Аделина Тахири, ќе ги претставува колекциите за есен-зима 2019 на најголемиот луксузен мултибренд Magnetik Gallery вклучувајќи ги брендовите: Max Mara Studio, Weekend Max Mara, Sportmax, Paul and Shark, Patrizia Pepe, Liu Jo, Marella, Joseph Ribkoff.
Во првото издание софистицираниот и современ стил на Аделина ќе биде претставен преку моделите од луксузните брендови Patrizia Pepe и Liu Jo. Со нетрпение очекуваме да дознаеме што ќе биде следно.
Нема коментари