Инсирирани од изразувањето во танцот и музиката дизајнерите на „Валентино“ Марија Грација Кјури и Пјерпаоло Пичоли го донесоа балетот на модната писта за време на нивната ревија во Париз. Новите дизајни за есен-зима 2016/17 ги содржат сите елементи на нивната естетика – тул, блескави камчиња, беж боја, проѕирни материјали и принт, но во стајлингот за новата колекција вметнаа и малку неочекувани моменти како дебели џемпери, ролки, слоеви контрасни материјали, војнички чизми како антипод на нежните балетанки, микс кој е соодветен за новите модерни убер-женствени принцези кои не носат постојано етерични фустани, туку и облека што припаѓа на уличната мода.
Нема коментари