Вистинска магија ќе ве обземе кога првпат ќе ги погледнете креации од новата колекција модни додатоци на британската дизајнерка Софија Вебстер. На презентацијата на линијата пролет-лето 2018 што деновиве се одржа во Somerset House во Лондон таа ги однесе присутните во својот бајковит свет со чевли и чанти наменети за модерни волшебнички.
Моделите се во пастелни тонови, со романтичнен дизајн и декор. На чантите се појавуваат слогани како „I’ll bring you flowers”, „Pretty to see, hard to catch” и “Roses are red”, а чевлите се впечатливи, како мали уметнички дела, секој чифт е своја приказна. Покрај чантите и чевлите Софија Вебстер на оваа презентација промовира и накит со потпис на Алекс Монро, кој совршено се вклопува во нејзината волшебна приказна.
Нема коментари