Креативниот директор на модната куќа „Гучи“ Алесандро Микеле претстави нова доза од својата дизајнеркса естетика во новата колекција за пролет-лето 2017 прикажана вчера на стартот на Миланската модна недела. Веќе откривме дека Микеле не е приврзаник на минимализмот и уште еднаш ни покажа дека сè, буквално сè, може да се прикаже низ неговата авторска призма. Овојпат референците се обилни и различни – рок естетика, дози на барок, панк и диско, иконографија од Кина, мотиви на сонце и ламји, тул и светкави материјали, плисе и вез, мноштво од бои, принтови, кроеви споени во колекцијата наречена „Магични фенери“.
Се чини дека е невозможно да се детектира одредена естетска рефернца, бидејќи сите траги на овој свет се во служба на хиперколорноста и хипернадреалното богатство на Микеле. Тој се навраќа на неколку декади, на 70-тите преку кроевите, брокатните панталони и арите, но и на 80-тите преку светкави фустани и креации со нагласени рамена, а сето тоа збогатено со впечатлива сценографија, XXL очила, чанти, масивни украси на глава, турбани, ленти, натписи, шапки, крупни обетки…
Нема коментари