Манекенката Грејс Харцел позира во моден едиторијал за априлскиот број на американски Vogue на тема креации со цветен дезен избрани од колекциите на „Гучи“, „Ланвин“, Марк Џејкобс, Долче и Габана, „Селин“, Оскар де ла Рента, Александар Меквин и „Шанел“. Фотофрафиите се дело на Микаел Јансон, а Камила Никерс подготви стајлинг со допирни точки на ноар-стилот од 40-тите, мотиви на Дали и Скјапарели и фризура инспирирана од Ацтеките. Но, голем впечаток остава и локацијата за фотосесијата – магичниот парк „Лас позас“ со магични и надреалистични бетонски скулптури што во 60-тите Едвард Џејмс почна да ги гради длабоко во џунглите во Мексико.
Нема коментари