Британската актерка Сиена Милер успеа да обезбеди четврта насловна страница на американскиот Vogue, овојпат онаа за јануарскиот број, а на фотографијата на Марио Тестино изгледа како шик-ѕвезда од 70-тите години во син капут од „Барбери“ и голема шапка. Во тој стил е внатрешниот едиторијал во кој актерката носи креации на „Сен Лоран“, „Прада“, „Луј Витон“ и „Клое“, а во интервјуто зборува за мајчинството, за нејзините нови филмови, за тоа како се држи настрана од социјалните мрежи и преку кратко духовито видео покажува како ѝ почнува секој ден и дека води сосема нормален живот.
Нема коментари