Ејми Адамс, Ченинг Тејтум. Рис Витерспун и уште десет актери се ѕвездите од новата насловна страница на Vanity Fair за традиционалното 21-во по ред Hollywood Issue. Адамс, Тејтум и Витерспун се на главната насловна која се расклопува на уште два дела на кои се фотографирани Еди Редмејн, Фелисити Џонс, Дејвид Ојелово, Бенедикт Камбербеч, Сиена Милер, Оскар Ајсак и Мајлс Телер. Уредништвото на Vanity Fair веќе 21 година го прави холивудското издание поткрепено со голема насловна страница која ги слави најдобрите и најактуелните актери во Холивуд. Првата забелешка за овогодинешната насловна, во која доминираат британските актери, е дека недостасува Џулиен Мур, најголемата претендентка за „Оскар“ во категоријата главна женска улога, како и тоа дека изборот не е баш прецизен и добар. Наскоро ќе бидат откриени и внатрешните фотоприлози со повеќе актери сместени во мартовскиот број на Vanity Fair.
Фотографијата за оваа насловна страница ја направи Ени Лебовиц, која ги има сработи сите фотографии од воведувањето на Hollywood Issue, а актерите се стилизирани во духот на холивудски гламур – мажите во свечени смокинзи со бели пеперутка-вратоврски, а жените во вечерни тоалети.
Нема коментари