Една од најпознатите манекенки во светот – Жизел Бундшен, и очигледно една од најпознатите мачки во модниот свет – Шупет Лагерфелд, ја делат насловната страница на декемврискиот број на бразилски Vogue. Шупет веќе е искусна во позирање и дури има и свои линии на шминка и модни додатоци инспирирани од нејзиниот живот со сопственикот Карл Лагерфелд. А токму Лагерфелд ги фотографираше Шупет и Жизел која е новото заштитно лице на парфемот Chanel No. 5.
Нема коментари