Во пресрет на 60-от роденден Мадона позира за италијански Vogue на улиците на Лисабон, градот во кој во моментов живее
Августовскиот број на модниот магазин посветен е на кралицата на поп музиката, а август е и месецот во кој е родена. По тој повод Мадона ја направи фотосесијата наречена Just One Day Out of Life со фотографскиот тандем Мерт и Маркус, а објавени се две насловни страници на кои носи креации на „Сен Лоран“. Во приказната учествува и Џовани Бјанко, креативен директор на Vogue Italia, но и нејзин пријател и соработник веќе 12 години.
Мадона е фотографирана на улиците на Лисабон, но и во омилениот бар во кој редовно оди за да слуша португалска и африканска музика. Носи креации на „Диор“, „Прада“, Алберта Ферети, „Рошас“, Долче и Габана, а Бјанко открива дека всушност сама си била стилист на фотосесијата. Во интервјуто направено заедно со фотографиите Мадона зборува за новиот живот во Португалија, за тоа дека е фокусирана на децата, за нејзината страст кон музиката и коњите, но и на нејзиниот хуманитарен проек Raising Malawi. Повеќе сака да зборува за секашноста, отколку за минатото, повеќе да ја раскаже секојдневната приказна, да открие свој агол на Лисабон и да зборува за тоа дека се преселиле во Лисабон поради тренинзите во фудбал на својот син Дејвид, отколку за глорифицираната слика на една од најпопуларните икони на денешнината. Но, малку на минатото се навраќаат нејзините пријатели од модниот свет и според најавата во августовскиот број на Vogue Italia Алесандро Микеле, Донатела Версаче, Жан Пол Готје, Рикардо Тиски, Кејт Мос, Ариел Филипс, Стела Макартни, Кристијано Роналдо ќе раскажат приказни и анегдоти повзрани со Мадона. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари