Кога поп кралицата ќе ја спои силата со поп принцезата се добива интригантна насловна страница за летното издание на магазинот V фотографирана од Стивен Клајн. Модната сторија на Мадона и Кети Пери има доминатрикс-шик и садо-мазо призвук, а вчера двете пејачки ја најавија на своите профили на „Твитер“. Луѓето од забавната индустрија се запрашаа дали со ова 55-годишната Мадона официјално за наследничка на поп тронот ја смета токму Пери. (Некаде во некоја темна соба Лејди Гага седи и се нервира што не е на местото на Кети Пери!) Веројатно Мадона ја цени работата на Пери, но факт е дека е склона на контроверзности и маркетиншки трикови, особено кога има причина како промовирање на нов албум на кој соработува со познатите диџеи Авичи и Дипло.
Нема коментари