Мадона, икона на поп културата, денес го слави 60-от роденден. Зад себе има децении колоритна музичка кариера, филмови, книги, козметичка и модна линија… но и статус на икона на реинвенцијата и стилот. „Јас сум си свој сопствен експеримент, јас сум свое уметничко дело“, изјави Мадона своевремено за Vanity Fair и не престанува да експериментира со изгледот. Таа си поигрува со стилот и модните трансформации, постојано пронаоѓа нов имиџ, со секој нов албум и звук претставува нов изглед, се инспирира од историски ликови како Девица Марија, Марија Антоанета и Мерилин Монро, не се плаши да биде провокативна и контроверзна, и како стилска икона постави моногу модни трендови. Ова се само еден дел од нејзините модни трансформации.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари