Во новата линија на MAC Cosmetics Џејд Џегер успева да внесе рокенрол расположение. Ќерката на Мик и Бјанка Џегер со својот бохо-стил кој резулрирал од нејзиното детство покрак рок-легенда, во линијата MAC x Jade Jagger се отсликува во шминка во која доминираат златото и светкавиот финиш. Џејд, која е дизајнерка на накит, соработуваше со MAC во колекцијата инспирирана од рокенролот и која содржи сенки, руменила, бронзери и кармини кои се базираа на линијата Mineralize на козметичкиот бренд.
Сенките доаѓаат во две палети со по четири нијанси – Golden Neutral (металик златни тонови) и Burning Night (потемни подраматични тонови). Има кармини во три нијанси – Sunset Pearl (нежно кафена со розов подтон), Opal Beach (светла нијанса на праска), Rolling Red (вибрантно црвена боја). За дефинирање на комплетниот излед има бронзер и две руменила. Колекцијата е неутрална, со бои со чие комбинирање може да се постигне дневен и ноќен изглед, а ќе почне да се продава од 14 декември. Ќе следиме дали ќе се појави и во скопската продавница на MAC и ќе ве информираме.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари