Јагленот е сеопфатен детокс! Тој е магнет за токсините и е идеален за длабинскок чистење на кожата. Козметичката компанија MAC Cosmetics претставува два нови производи збогатени со јаглен, кои се придружуваат на популарниот Mineralize Volcanic Ash пилинг, што ги отстранува нечистотиите, оставајќи ја кожата чиста, свиленкаста и сјајна.
Mineralize Reset & Revive маската е збогатена со бамбусен јаглен во прав и бела глина богата со минерали, кои продираат длабоко во кожата и темелно ја чистат. Доколку барате инстантно подмладување за вас е идеална Mineralize Charged Water Charcoal во спреј. Станува збор за вода со богати состојки, кои инстантно ја враќаат изгубената енергија и хидратација и од безживотна кожа се создава совршена подлога за нанесување на шминка. Колекцијата е достапна во MAC Скопје City Mall.
Нема коментари