Љубов на прв допир!
Новата линија на MAC кармини “Love Me Lipstick” со 24 нови нијанси од вчера е веќе достапна во продавницата на MAC во Скопје сити мол.
Ќе се заљубите при првиот допир со кармините кои имаат формула со арганово масло кое истовремено нуди хидратација и интензивна боја (така како што само MAC знае).
На усните е лесен и има сатенски финиш.
Можеби не можеме секогаш да очекуваме дека љубовта ќе ни биде возвратена, но верувајте “Love me кармините” секогаш ќе ви вратат со љубов!
Колекцијата е достапна во MAC продажното место во Скопје сити мол, а цената на “Love me lipstick” кармините е 1.350 денари.
Нема коментари