Козметичкиот бренд MAC подготви нова возбудлива колекција за оние што сакаат блескав тен и светкав ефект. Дел од новата понуда се двете палети на хајлајтери Hyper Real Glow во кои ќе се вљубите на прва – секоја палета (Get it Glowin и Flash and Awe) содржи по три сјајни нијанси за беспрекорна блескавост на лицето. Колекцијата ги содржи и Next To Nothing пудрите од новата генерација, ги има во девет нијанси и гарантираат солидна покривност со прозрачен и природен ефект без да оставаат тежок слој на кожата. За подобро нанесување на новите производи MAC понуди и две четки. Со комбинација на Hyper Real Glow палетите и Next To Nothing пудрите ќе добиете беспрекорна кожа која нема да ве остави рамнодушни. Заблескајте со новите хајлајтери од MAC!
Колекцијата е достапна во MAC Skopje City Mall.
Нема коментари