Козметичкиот бренд MAC има нова празничка колекција која експлодира со својата убавина и ги има најубавите подароци.
Дома сте за празниците? Без оглед дали планирате да уживате со најблиските или сами – подарок може да си подарите сами на себе, зар не?
Новата празнична колекција на MAC, Frosted Fireworks, инспирирана е од бајки, огномет и од магијата на празничната сезона. Содржи кармини, сјаеви за усни, сенки за очи, хајлајтери, моливи и разни сетови во кои се употребени имиња како снег, мраз, искра, огномет и слично, како референца на новогодишните празници и инспирацијата на колекцијата.
Во промовирањето на кампањата за Frosted Fireworks, MAC се здружи со некои од You Tube и TikTok бјути инфлуенсерите како Бретмен Рок, Карен Сарахи Гонзалес и Лорен Греј.
Колекцијата е достапна во MAC Skopje City Mall. Цените на производите се совршени за оние кои сакаат само мало внимание, во продавницата на MAC ќе има и вистински изненадувања за најголемите MAC фанови!
Нема коментари