Магија во спреј!
Општо е познато дека ниту еден makeup не е готов без легендарниот Fix+ спреј. Овој култен спреј ја фиксира шминката и истовремено ја хидрира, освежува и смирува кожата.
Сите знаат дека Fix+ Matte спреј сетира, матира, ги намалува порите и го контролира лачењето на себум. Сега запознајте го новиот Fix+ Magic Radiance, кој е како магија во шише – кожата ќе биде хидрирана и со природен сјај.
МAC козметика е позната по своите талентирани make up артисти кои постојано експериментираат со производите. Со комбинација и миксирање го извлекуваат максимумот на секој производ. Така се создаде и Fix+ Magic Radiance – во backstage го создаде Netta Szekely, MAC Сениор make-up артист.
- Замислете го класичниот Fix+ спреј, но надограден. Целата идеја е со минимален труд да постигнете максимални резултати. Само едно нанесување од Fix+ Magic Radiance и вашата кожа ќе биде во најдобрата верзија што некогаш сте ја имале – вели Netta.
Новиот Fix+ ви дава нега и хидратација која трае во текот на целиот ден, благодарение на хијалуронска киселина, витамин Ц и есенцијални масла. Нанесете пред шминката за хидриран и свеж тен или како финиш за природен сјај и сетирање на шминката.
Еве и еден трик кој што го користи Netta за совршена шминка.
-Нанесете Fix+ Magic Radiance спреј на козметички памук и оставете ги на лицето две минути, така ќе добиете моментален хидратациски третман. Потоа остатокот со сунѓерче за шминка, нежно натапкајте за да се апсорбира во целост. Бидете креативни и ќе добиете магични резултати, нанесете го на вашите нозе, феноменален е! – вели Szekely.
Fix+ Magic Radiance е достапен во MAC Skopje City Mall по цена од 1455 денари, од 20 јули 2020.
Нема коментари