Извонредно добри, драматични и богати нијанси во колекцијата ‘Tempting Fate’ на MAC Cosmetics
Кралица на колекцијата е палетата за очи од осум сенки ‘Feast Your Eyes’, полна со заситени нијанси и нови текстури. За дополнително нагласен заводлив изглед, создадени се моливите за очи Eye Kohl во три жешки нијанси и сето тоа ќе го стопите со прекрасно украсената четка 224S.
Усните можете да ги нагласите со кадифените тонови од зрели бобинки или неутрални нијанси, достапни во Matte или Ampified текстури. Откако ќе ги опкружите очите и усните со овие сочни нијанси, време е за трите нијанси на производот Strobe Face Glaze што ќе му дадат на вашето лице нова димензија на сјај.
Изгледот завршете го со спрејот Fix+ Goldlite со што ќе го задржите сјајот и ќе додадете уште малку блескавост.
-„Повеќе е повеќе“, што е и повеќе од пожелно оваа есен – вели глобалниот сениор артист на MAC, Доминик Скинер.
Ние се согласуваме и ве повикуваме да се препуштите на ова богато искушение.
Нема коментари