Дали сметате дека убавината е во очите на набљудувачот? Од MAC Cosmetics мислат дека е така!
Затоа овој месец го посветуваат на прекрасните очи на своите клиенти. Новите производи за очи и веѓи веќе се достапни во продавницата на MAC во Skopje City Mall.
Омилените Dazzleshadow сенки со богат пигмент и блескавост ни доаѓаат во нови сјајни нијанси. Dazzleshadow Extreme сенките имаат металик сјај, само со еден потег на четката, вашите очи ќе изгледаат како да се растопил сјаен метал.
Новите Dazzleshadow нијанси ќе ги најдете по цена од 1320 денари.
А за оние кои сакаат да направат своја палета, има празни пакувања во кои ќе можете да ги одберете вашите омилени нијанси.
Празна палета за 4 сенки за очи е 430 денари, а цена на еден Dazzleshadow рефил е 930 денари.
А кога ги украсивте очите, време е за веѓите!
Веѓите ви изгледаат тенки? Дајте им волумен со новиот MAC Eye Brows Big Boost Fibre гел!
Ова е гел кој ќе може да ја нагласи природната боја на веѓите, но доколку нанесете во неколку слоја ќе имате веѓи полни со волумен.
Веѓи полни со волумен, никогаш не било полесно. Гелот го има во 8 нијанси по цена од 1650 денари.
Производите се достапни во MAC Skopje City Mall.
Нема коментари