Во пресрет на празничниот период побарајте ја Holiday колекцијата и сетовите за подарок во M·A·C продажните места во Скопје (City Mall и Fabu East Gate)
Колекцијата Hypnotizing Holiday има хипнотизирачки добри пакувања и преполна е со омилените бестселери, но и никогаш досега видени производи. Покрај тоа, тука се и незаменливите сетови кои може да си ги подарите себе и на другите. Колекцијата содржи магични кармини и руменила, блескави сенки, моливи за очи, како и вештачки трепки.
Луди сте по сетовите? Во M·A·C продажните места има дури 18 магични сетови за подарок, а оваа сезона стигна и празничниот календар Box Of Tricks, полн со изненадувања и дури 24 подароци. Се работи за календар кој содржи големи и мали M·A·C производи на кои нема да може да оддолеете.
ПОМАЛКУ ОТПАД, ПОВЕЌЕ МАГИЈА!
M·A·C ја споделува вашата посветеност на животната средина.
Пакувањата за празничната колекција се направени имајќи ја во предвид одржливоста и намалувањето на пластичниот отпад.
• Ги елиминиравме пластичните компоненти во нашата празнична колекција, што е еквивалент на 500.000 пластични шишиња вода.
• Повеќе од половина компактни производи во празничната колекција се дизајнирани за повторно користење.
• Оваа празнична сезона, колекцијата доажа во хартиена кутија која може да се рециклира.
• Вратите ги своите чисти, празни M·A·C амбалажи во нашите продажни места во Скопје во склоп на Back-To-M·A·C програмите како би можеле заедно на старата пластика да ѝ дадеме нов живот.
Она што не може да се рециклира, се претвора во енергија.
Нема коментари