За вашите усни и очи MAC ја подготви новата колекција Powder Kiss на течни кармини и сенки за очи, кои што од 20 јули ќе бидат достапни во проданцата на овој козметички бренд во Скопје сити мол. Цената на Powder Kiss течните кармини е 1600 денари, а на Powder Kiss сенките за очи 1320 денари.
Powder Kiss кармините се одличен спој на мат финиш и хидратација, а сега MAC ви ги претставува новите формули за усни и очи!
Новите Powder Kiss течни кармини и сенки за очи имаат ултра лесна текстура со неверојатно интензивни бои со мат ефект.
POWDER KISS ТЕЧНИ КАРМИНИ
Кажете збогум на сувите кармини. Новите Powder Kiss течни кармини имаат нежна текстура, пенеста формула, хидрираат и до 10 часа со нежен мат финиш.
Посебна комбинација на смирувачки состојки кои овозможуваат меки, мазни и хидрирани усни во текот на целиот ден. Апликатор во облик кој совршено одговара на усните, кој со доволна количина на кармин се креира совршена контура на усните.
Седумнаесет нијанси – од неутрални до интензивни, вклучувајќи ги и некои од омилените нијанси, со нова формула и мат финиш – Devoted To Chili, Mehr, Mull It Over и A Little Tamed.
-За овој производ сите беа воодушевени позади сцената! Powder Kiss течните кармини имаат мат финиш со свиленкасто нежен допир на усните. Интензивна боја, а воедно меки и хидрирани усни. Мој совет е да нанесете една преку друга нијанса за да добиете омбре ефект на преклопување на боите, токму како на листовите од цвеќето – вели MAC Senior Make up артист од Хонг Конг, Regan Rabanal.
POWDER KISS СЕНКИ ЗА ОЧИ
Со нежен пролетен фокус, истакнете ги очите. Powder Kiss сенките за очи даваат мат боја на очните капаци и толку се претопуваат со очите, што имате чувство како да е тоа ваша втора кожа. Нежната формула се блендира лесно, благодарение на новата Cream Matrix формула, додека иновативната Soft-Focus Filter технологија креира неверојатен замаглен ефект. Бојата не се собира и пресликува на пресекот на очните капаци. Дури дванаесет нијанси на сенки има во колекцијата Powder Kiss.
-Освежете ги очите оваа сезона со новите Powder Kiss сенки за очи, кои се меки како облаци. Сенките на допир се меки како сатен, со неверојатна леснотија се нанесуваат на очите и траат со часови. Ако преферирате класичен изглед усогласете ги нијансите на Powder kiss сенките со карминот и добијте монохроматски изглед. Очите лесно нагласете ги со четка за да постигнете smokey изглед – ве советува Rabanal.
Нема коментари