На 15 март 2019, во МНТ ќе се одржи првиот „М маж на годината”, во организација токму на Машки магазин. За првичното издание на овој проект, предвидени се пет категории во изборот: „маж на годината“ (Гран при), „маж урбан“, „маж бизнисмен“, „маж спортист на годината“ и „маж што оставил белег во културата“ во изминатава година.
За главните награди ќе одлучува 15-члено жири составено од редакцијата на Машки магазин, но и десетина релевантни личности од јавниот живот: Виктор Кошевалиски, Снежана Богдановска – Сани, проф. Филип Фидановски, ИФББ Про Мирко Петровски, Влатко Кошевалиски, Тања Кокев, Иво Јанковски, Чедо Поповски, Олга Костовска, Зоран Петров, Младен Ѓуровски, Радмила Павловска, Сретен Костиќ и Изет Цури.
Покрај главните категории, предвидени се и награди за кои ќе се одлучува во соработка со други медиуми. За категоријата „најпосакуван маж од жените“, Машки магазин ќе одлучува во соработка со мaгазинот „Убавина и здравје“.
Нема коментари