По трет пат групацијата LVMH го организара својот настан Journées Particulières, посебни денови кога за јавноста бесплатно ги отвора вратите на модните ателјеа на брендовите кои ги имаат во своето портфолио, како „Диор“ и „Луј Витон“. LVMH, моден конгломерат кој ги менаџира некои од најлуксузните светски брендови, на 20, 21 и 22 мај годинава ќе отвори повеќе од 50 свои ателјеа, работилници, фабрики, места каде што се креираат бројни креации и производи, а на листата се салонот на „Диор“ на авенијата „Монтењ“ во Париз, фабриката во која се произедува козметиката на Guerlain во Шарт, работилницата на накитот Chaumet, ателјето на „Луј Витон во Асние, потоа ателјеата во кои рачно се изработуваат чевлите „Берлути“, просторијата на фондацијата „Луј Витон“ во Париз, канцелариите на „Фенди“ во Рим, фабриката за текстил „Лоро Пиана“ во Италија, мануфактурата на Hublot во Швајцарија, разгледување на процесот на создавање на коњакот Hennessy. Целата акција престатвува посета на околу 40 бренда на разни локации во Франција, Италија, Шпанија, САД, Швајцарија, Полска… Заинтересирани од денес може да се пријавуваат на овој сајт, а избраните ќе имаат можност да ѕирнат зад кулисите на големите брендови и да видат како се создаваат производите од скица до реализација. На претходните изданија на Journées Particulières беа регистрирани преку 120.000 посетители на разни локации на брендовите на LVMH.
Нема коментари