Ланската добитничка на „Оскар“ за изведбата во филмот „12 години ропство“, Лупита Нионго, ја краси насловната страница на мартовскиот број на Lucky Magazine. Модната икона на насловната се појавува со нова фризура и со модерен стајлинг во креација од Balmain. Фотографиите се снимени во луксузна вила во Холивуд, а зад објективот застана Патрик Демарчелиер. Во интервјуто за магазинот актерката изјави дека „не се доживува како ѕвезда и дека за нејсе славата е чудна“.
Нема коментари