Младата актерка и Оскаровка Лупита Нионго по втор ја краси насловната страница на американски Vogue, овој пат за октомврискиот број облечен во златен фустан од колекцијата на висока мода на „Валентино“. И изгледа извонредно! Одлична е и внатрешната фотосесија снимена со фотографското дуо Мерт и Маркус на повеќе локации во Париз додека позира во креации од високата мода од „Живанши“, Готје, Версаче, Марџела и „диор“. Во разговорот за Vogue US Лупита раскажува за првата средба со високата мода и вели: „Не ја знаев моќта на високата мода сè додека не пробав фустан од високата мода. Тоа ме расплака“.
По септемвриската насловна со Бијонсе, Vogue едно подруго бира Афро-американка за првата страница на магазинот. Ова претставува своевиден преседан, бидејќи во 123-годишната историја на Vogue US само 34 насловни страници содржеле позната личност или манакенка со црн тен.
Лупита во интервјуто зборува и за нејзиното искуство расизмот со Америка, нејзините хаотични тинејџерски денови, за родната Кенија и културниот шок што го доживеалат кога дошла во САД на студии, како и за улогата во новото долгоочекувано продолжение на Star Wars.
Нема коментари