Новата актерска ѕвезда и модно откритие Лупита Нионго е лицето од јулската насловна страница на американски Vogue. Оскаровската што изминатава година нè фасцинира со своите модни изгледи, направи фотосесија со познатиот Микаел Јансон на неколку егзотични локации во Мароко. Таа позира во летни креации и необичен накит од Вера Ванг, „Проенза Скулер“, „Живанши“ и „Родарте“. Лупита во интервјуто зборува за неочекуваното искуство од често појавување на црвен килим, како и за моментот кога сфатила дека повеќе не е анонимна и дека отсега постојано ќе има папараци зад петици. Актерката е родена во Мексико, но детството го минала во родната Кенија каде што сами си ја шиеле облеката што ја носат, бидејќи така е поевтино отколку да се купу во продавница. Денес новата модна миленичка е заштитно лице на „Миу Миу“ и на кометичкиот гигант Lancome, па го има луксузот да бира каква сака облека. Но како што вели, најчесто фустанот ја бира неа. „Особено за доделувањата на големите филмски награди, тогаш фустанот сам ми кажува дека треба да го носам. Страшно е кога ќе се вљубите во некој фустан, тогаш тоа нема никаква врска со разумот, туку со некое внатрешно чувство во стомакот“, изјави Лупита за Vogue.
Нема коментари