Најгледана серија во моментов на Нетфликс е „Лупен“, која за кратко време ќе ги надмине рекордите на гледаност што ги држеа „Дамски гамбит“ и „Бриџертон“. Помалку од еден месец од премиерата на популарниот стриминг сервис, се претпоставува дека „Лупен“ во првите 28 дена ќе забележи гледаност во 70 милиони домови, што е повеќе во однос мега популарите „Дамски гамбит“ и „Бриџертон“. Ова е прва француска серија во продукција на Нетфликс што доживеала огроен меѓународен успех и прва која што е на листата на најгледани на овој сервис (број 1 во Франција, Шпанија, Италија, Бразил, Холандија, Германија, Аргентина, Полска, Шведска…)
„Лупен“ е тензична авантуристичк и детективска приказна за крадецот Асан Дуп. Неговиот татко е обвинет за кражба и се самоубил во затвор. Асан ќе биде понесен од приказните за Арсен Лупен (ликот од познатите криминалистички романи на Морис Леблан) со цел да се одвлече од реалноста околу него. По некое време ќе сфати дека неговиот татко бил невин и одлучува да се одмазди за неговата трагична судбина. Главната улога на Асан ја глуми Омар Си, француски актер кој веќе има награда Цезар за најдобра машка улога.
Првата сезона има пет епизоди, Нетфликс најави дека ќе се снима втора сезона.
Нема коментари