По разгледувањето на фотографиите на оваа вила на италијанскиот остров Сардинија ви доаѓа веднаш да ги спакувате куферите и да заминете на летување. Оваа прекрасна вила е смеснета во Порто Черво, над песочната плажа Питрица. Порто Черво е центар на Коста Смералда, ексклузивен дел на Сардинија кој своевремено го изградил Карим Ага Кан со неколку инвеститори.
Вилата е со површина од 800 метри квадратни, и е позиционирана межу неколку гранитни карпи што допринесува за уште повеќе привлечност. Поделена е на три делови, со различни апартмани, а содржи повеќе надворешни катчиња за уживање и голем базен со поглед на морето. Наменета е за 12 лица и задоволството чини дури 33.250 евра неделно. Заинтересираните повеќе информации може да добијат на овиј ЛИНК.
Нема коментари