Популарноста на машкиот накит не се врзува само со метросексуалноста, новото време или феминизираните мажи. Низ историјата мажите се украсувале подеднакво како и жените и си го сакале својот накит, зашто тој е доказ и за самоувереност, а деталите се одличен начин да се комплетира сопствениот стил и со нив се искаже својата личност. Можеби не е доволно познато, но постои силно развиена гранка на оваа индустрија со некои многу влијателни брендови на машки накит.
Armenta
„Армента“ е шпанска линија на модни додатоци за мажи која ја предводи Емил Армента. Станува збор за луксузен накит инспириран со шпанската историја и архитектура која во еден период била под силно влијание на Ориентот. Ако треба да се долови богатството на оваа колекција , вистинската асоцијација би била – богатство на гусарски ковчег.
Cartier
Кралот на накитот компанијата „Картие“ со години ги опслужува богатите и познатите светски звезди со најубавите парчиња на луксузниот француски накит , но и со гламурозни часовници кои ретко кога не се украсени со дијаманти. Машката колекција е варијација на женскиот накит, но тоа не значи дека накитот е женски. За оние кои претпочитаат скапоцено, светкаво и помалку кичесто „Картие“ е изборот.
David Yurman
За мажите со челично срце тука е колекцијата на машки накит која од 1980 година ја дизајнира Дејвид Јурман. Студениот сјај на металот, идеалниот спој на камењата, по некој небрусен дијамант и сребро ја прават оваа колекција исклучителна како пример за сите мажи кои својот стил го дефинираат како полуелегантен.
John Hardy
Овој тип на накит може да се замисли најлесно на црнечките макроа и кицоши како Снуп Дог на пример. Седиштето на компанијата која ја основал Канаѓанецот Џон Харди е во Хонг Конг, а егзотиката и мистиката на античка Азија му послужиле на Харди да ја искреира својата ексклузивна колекција на скап кичест накит кој дефинитивно можат да го носат само „вистински” мажи.
King Baby Stydio
Овој бренд е вистински десерт за даркерите чиј стил не може да биде потполн без нешто од колекцијата на Мичел Биндер кој својот накит го креира исклучително за „отпадниците” и лошите момци.
Konstantino
Оваа колекција на накит е инспирирана со византиската култура, стилот и духот токму на оној тип на маж кој растел со трилогијата „Кум” и своите животни ставови не ги насочил кон стариот Стамбол туку кон Рим и старите латини. Можеби е Константино, но за мажите кои го носат овој накит тој е едноставно Дон.
Ravi Ratan
Неверојатен спој на висококвалитетен челик , скапоцени метали и скапоцени камења ја чинат оваа колекција на накит за мажи една од најелитните имиња во светот на машката мода и накит.
Нема коментари