Ние жените постојано сме во потрага по совршен кармин кој ќе има долготрајно дејство, сакаме да биде хидрантен, истовремено да ги негува усните и по можност да ни одговара на буџетот наменет за козметички производи. Со желба да ги задоволи нашите потреби компанијата „Авон“ понуди луксузен, револуционерен и екстра хидрантен кармин со мултикорисна формула за покривање на усните и кој во моментов се продава по промотивна цена 199 денари.
Новиот кармин на „Авон“, Хидроколор Апсолут, чие заштитно лице е светски познатиот модел Ирина Шајк, има кремаста текстура и богата пигментација, содржи комплекс за нега со Витамин Е и Ц, колаген, заштитен фактор од 15 и формула за хидратација, а се продава во 20 нијанси. Покрај декоративниот ефект и дефинирањето на усните, овој кармин на „Авон“ нуди нега, потхранување и заштита на усните.
Нема коментари