Поскапи дури и од статусните чанти, блузоните и дуксерите станаа клучен сегмент во стилот на познатите личности и модните уредници. Позајмен од спортската облека, блузонот во новата интерпретација на познатите дизајнери поприми луксузен изглед и доби на цена (и буквално и метафорично). Тенденцијата започна со дуксерите со мотив на тигар на „Кензо“ кои инстантно ја преплавија уличната мода, а примерот го следеа и другите луксузни куќи како „Живанши“ и „Баленсијага“, но и дизајнерите Дрис Ван Нотен, Џејсон Ву и Кристофер Кејн.
Блузонот во својата најнова верзија одговара со разновидни парчиња – со тесно здолните и парче шарен накит, со широки фармерки и високи чевли, со посвечени, но и поурбани комбинации. Се разбира, овие модели не се направени само од памук, како традиционалните дуксери, туку од највредните природни влакна, како што се кашмирот и свилата. Да не ве чуди што еден модел дизајнерско парче достигнува цена од 1.200 евра!
КРИСТОФЕР КЕЈН
Овој модел со психоделичен цветен мотив на Кристофер Кејн е направен од кашмир и чини 1.200 евра
КРИСТОФЕР КЕЈН
Уште еден модел на британскиот дизајнер, еден од највпечатливите од неговата колекција за пролет-лето 2014. Чини 660 евра, што е двојно помалку од претходниот модел, но сепак премногу за црн блузон со дупки
КРИСТОФЕР КЕЈН
Бидејќи блузоните се клучен елемент од колекцијата на Кејн, еве го и моделот „Петал“ кој се продава по цена од 800 евра
ПРОЕНЗА СКУЛЕР
Во последниве сезони дизајнерското дуо продаваа блузони и по цена од 1.000 евра, толку се очекува да чини и овој модел од пролетната колекција
Белгиецот Ван Нотен редовно применува мешање на стилови во своите колекции, како на пример овој кежуал сив блузон комбиниран со плисирано здолниште, кој е наменет за сезоната пролет-лето 2014 и чини скоро 770 евра
ЏЕЈСОН ВУ
И американскиот дизајнер работеше на сиви блузони, со таа разлика што тој им додаде ситни набори во горниот дел. Бидејќи е дизајнерско парче, блузонот чини 600 евра
РИД КРАКОФ
Наједноставен модел во бела боја, кој чини, нема да ви се верува, околу 900 евра! Веројатно е направен од најфината ткаенина што може да се најде на пазарот…
ГИ ЛАРОШ
Париската модна куќа сака да си игра со мажествени и женствени акценти. Последната ревија за пролет-лето 2014 беше отворена токму со овој модел на црн блузон со качулка. Цената ќе биде дополнително објавена
ЖИВАНШИ
Блузонот со бамби беше хит од модните писти за оваа зимска сезона, а стана дел од гардеробата на холивудските ѕвезди како Лили Колинс. Изгледа ведро и разиграно, а се продава по цена од 400 евра
КЕНЗО
Како сè почна: брендот „Кензо“ претстави блузон на својата модна ревија во март 2012 година, прикажана во рамките на Париската модна недела. Моделот „тигар“ инстантно се најде во гардероберите на познатите блогерки и трендсетерки. Цената му е 200 евра
КЕНЗО
Модната уредничка на француското издание GQ Викторија Касањо во модел на „Кензо“
БАЛЕНСИЈАГА
Дури и кај луксузниот бренд видовме серија блузони во колекцијата есен-зима 2013/14. Моделите се со футуристички изглед, а еве ја и комбинацијата на Кеј Панаторн, моден уредник на тајландски Еlle. Цената!? Сигурно е висока!
Нема коментари