Во новата рекламна кампања од серијата „Духот на патувањето“ познатиот француски бренд „Луј Витон“ култните куфери и торби ги испрати во Африка, заедно со манекенките Еди Кембел и Карен Елсон и фотографот Питер Линдберг. Друштво на манекенките на фотографиите им прават лавовите и жирафите и останатите диви животни од југот на африканскиот континет, па можеме да заклучиме дека и тие се заинтересирани за мода! На првите визуели од кампањата ја гледаме Карен како рани жирафа, а на некои Еди јава зебра. Според Фредерик Винклер, ПР-директор на „Луј Витон“, ниту една фотографија не е наместена, однесувањето на животните било сосема природно, дури во една ситуација од снимањето, гепард самоволно одлучил да позира заедно со Кембел. Кампањата која е мешавина на моден свет и патување, сработена е под креативно водство на Карин Ројтфелд, во списанијата ќе се појави во април, а во тој период се очекува и краток филм на истата тема. Претходни протагонисти во рекламите од оваа серија се Анџелина Џоли, Шон Конери, Боно Вокс, Софија и Френсис Форд Копола.
Нема коментари